Достапни линкови

Повлечена одлуката за преноќување пред МНТ


Групата активисти организирани од граѓанската платформа АЈДЕ кои најавија дека симболично ќе бдеат во одбрана на Уставот, по масовниот протест, тие вечерва ја повлекоа одлуката да преноќат пред Македонскиот народен театар. Причина за ова се добиените сознанија дека владејачката партија собира контрадемонстранти од повеќе градови во државава.

-Сметаме дека од безбедносни причини најдобро е да се прекине бдеењето, имаме дојава дека многу автобуси се тргнати за Скопје во организација на ВМРО-ДПМНЕ и нема потреба да се доведуваме до таква ситуација. Секако ќе продолжиме со нашите активности, ќе видиме што ќе се случи на утрешната седница на Уставниот суд, но дотогаш претпоставувам дека бројот на контрадемонстранти пред судот ќе расте, велат активисти од АЈДЕ.

Тие најавија дека во наредните денови ќе продолжат со активностите за спречување на можноста Претседателот да има право да помилува лица за изборни нерегуларности и други кривични дела.

XS
SM
MD
LG