Достапни линкови

Сириската опозиција ќе присуствува на мировните преговори


Главната сириска опозициска група објави дека ќе присуствуваат на мировните преговори закажани за 14 март, неколку часа откако Русија соопшти дека на преговорите ќе присуствуваат и претставници на сириската власт. Опозицискиот преговарачки Комитет се состои од повеќе опозициски групи. Тие се согласија да бидат дел од состанокот во Женева под покровителство на ОН и соопштија дека ќе се фокусираат на формирање на преодна влада која ќе има целосна извршна власт. Тие инсистираат дека сегашниот сириски претседател Башар ал Асад нема да има место во идната влада, иако Русија, Иран и други поддржувачи на Асад велат дека за неговата судбина треба да се одлучува на избори.

XS
SM
MD
LG