Достапни линкови

Судир меѓу полицијата и опозициските демонстранти во Истанбул


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Турската полиција испука солзавец за да ги растера демонстрантите кои синоќа се собраа да ја одбележат двегодишнината од смртта на тинејџерот, која ја мобилизираше опозицијата против претседателот Реџеп Таип Ердоган. Полицијата и демонстрантите се судрија во Истанбул, во квартот Окмејдани. Демонстрантите фрлаа камења и молотови коктели, а полицијата возврати со солзавец. Протестот е организиран по повод двегодишнината од смртта на 15-годишното момче, кое почина во 2014 откако беше во глава погодено со канистер со солзавец, кој го фрли полицијата врз антивладините демонстранти.

XS
SM
MD
LG