Достапни линкови

logo-print

Орешковиќ - Мигрантите веќе нема да минуваат по балканската рута


Хрватскиот премиер Тихомир Орешковиќ

Хрватскиот премиер Тихомир Орешковиќ

Мигрантите веќе нема да минуваат по балканската рута, изјави денеска во Загреб хрватскиот премиер Тихомир Орешковиќ, истакнувајќи дека тоа е јасната порака од официјалниот документ договорен во Брисел. Тоа, рече Орешковиќ, беше ставот на Хрватска и Словенија на самитот на ЕУ и Турција во понеделникот. Потоа Словенија ги активира шенгенските правила, што значи дека некој кој не бара азил, нема да може да мине низ Словенија. Тоа создаде домино ефект, ние тоа истото го воведовме, а тоа го воведе и Србија. Денеска сме на нула, со 3.200 мигранти, што мислам дека е позитивен резултат за Хрватска и за нашите соседи, рече тој.

Запрашан дали затворањето на балканската рута всушност значи отворена опасност од шверцување луѓе, Орешковиќ изјави дека надлежното министерство е во постојан контакт со Претседателството на БиХ, Србија и Македонија, за да знаат што се случува на теренот и доколку нешто се случи, да можат да реагираат. Криминалните елементи ќе се затворат или намалат, па нема да гледаме маса на илегални имигранти кои ќе ги пробиваат границите, рече Орешковиќ.

XS
SM
MD
LG