Достапни линкови

Курц: Високо ги цениме напорите на Македонија


Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц во интервју за МИА и оддава признание на Македонија за пристапот во регулирањето и контролирањето на мигрантската криза, и вели дека за нејзино решавање, неопходно е Европа повторно да воспостави контрола врз своите надворешни граници. „Македонија дава се од себе да ја заштити границата со Грција со цел да се регулира навлегувањето на мигрантите и ние високо ги цениме овие напори. Ние ќе направиме се што можеме за да и помогнеме на македонската Влада во оваа вонредна ситуација. Затоа Австрија испрати 20 полицајци, додека нашето Министерство за одбрана во моментов ги проценува можностите и тоа да и упати помош на Македонија, изјави Курц. Според него, пред Европа допрва се предизвиците за интегрирање на досегашниот наплив на имигранти и за справување со безбедносните ризици.

XS
SM
MD
LG