Достапни линкови

logo-print

Супер вторник - Американците гласаат за кандидати за претседател


Гласачите во 13 американски сојузни држави денеска, на таканаречениот Супер вторник, гласаат за избор на претседателски кандидат за изборите што се одржуваат годинава на внатрепартиските избори во Демократската и во Републиканската партија. Се смета дека денешното гласање е клучно за изборот на кандидати. Демократите гласаат во 11 држави. Изборот им е меѓу поранешната државна секретарка Хилари Клинтон, која се смета за фаворит, и сенаторот Берни Сандерс. Републиканците гласаат во 13 држави, а избираат меѓу петмина кандидати. Анкетите покажуваат дека републиканскиот фаворит Доналд Трамп убедливо ќе победи во сите држави, освен во Тексас, од каде што е неговиот ривалски сенатор Тед Круз. Сенаторот Марко Рубио се смета за најсериозен ривал на Трамп.

XS
SM
MD
LG