Достапни линкови

logo-print

Сириската влада:Турција го крши меѓународното право


Сириската Влада смета дека турското гранатирање на Сирија е кршење на меѓународното право, е неведено во соопштението што денеска го објави државната новинска агенција САНА. Турција во соопштението е обвинета дека извршила злосторства против Сиријците со артилериските напади во провинцијата Алепо. Како што се наведува, голем број цивили се повредени во артилерискиот напад, чии цели биле Тел Рифат и други градови. Турција во изминатите недели гранатирала воени позиции на сириските Курди, поддржани од САД.

XS
SM
MD
LG