Достапни линкови

Унгарија најави затворање на три железнички премини кон Хрватска


Унгарскиот министер за внатрешни работи Шандор Пинтер најави затворање на три железнички премини со Хрватска за да се спречи евентуално влегување на бегалци. Пинтер појасни дека премините ќе бидат затворени, бидејќи хрватските власти испратиле воз полн со бегалци под полициско обезбедување кон Унгарија. Министерот не прецизира кога ќе бидат затворени премините, ниту кога споменатиот воз е испратен за Унгарија. Станува збор за премините кај Коториба, Копривница и Бели Манастир преку кои лани голем број мигранти влегоа во Унгарија на пат кон Германија.

XS
SM
MD
LG