Достапни линкови

Над 40 убиени исламисти во бомбардирање во Либија


Илустрација

Илустрација

Околу 40 луѓе беа убиени во воздушни напади врз милитанти кои се сомничат дека се членови на Исламската држава во куќа во градот Сабрата, во близина на главниот град на Либија, Триполи. Градоначалникот на Сабрата рече дека рано утринава била бомбардирана зграда во која живееле „странски работници“. Тој рече дека има 41 загинати и шест ранети. Њујорк тајмс, повикувајќи се на „западни претставници“, објави дека воздушните напади биле извршени од американски воени авиони. Цел на нападот бил Нуредин Чучане, осомничен за вмешаност во два терористички напади во Тунис во 2015 година, но не се знае дали бил убиен во нападот.

XS
SM
MD
LG