Достапни линкови

logo-print

Грчки рибар спасил 60 бегалци


Грчки рибар спасил 60 бегалци, меѓу кои 20 деца и бебиња, во морето кај Александрополис. Рибарот изјави дека додека бил на риболов слушнал повици за помош и забележал чамец со бегалци. Тој ги качил на неговиот брод и безбедно ги пренел до грчкото пристаниште, каде што биле пречекани од локалните власти. Бегалците ќе бидат идентификувани, а потоа ќе бидат испратени до локалниот камп за бегалци каде ќе останат се додека не им се издадат документи кои им се неопходни за патување.

XS
SM
MD
LG