Достапни линкови

Франција-Русија да престане да бомбардира цивили во Сирија


Премиерот на Франција Мануел Валс изјави дека Русија мора да запре со бомбардирањето на цивили во Сирија со цел да се отвори патот за преговори и мир. На Конференцијата за безбедност во Минхен, Валс изјави дека Франција ги почитува Русија и нејзините интереси но нагласи дека во Сирија треба да има мир и треба да има преговори. И покрај договорот за прекин на судирите во Сирија, министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров изјави дека Русија ќе продолжи со операциите против Исламската држава , и другите милитантни група, и дополни дека договорот за прекин на огнот не се однесува на терористите.

XS
SM
MD
LG