Достапни линкови

Миле Јанакиески на распит во Основен суд Скопје 1


Миле Јанакиески

Миле Јанакиески

Екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески е на распит во Кривичниот суд во Скопје, а освен него, денеска во судот исказ дал и градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко, јавуваат медиумите.

Судските распити за нив следуваат откако специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и нејзиниот тим денеска побараа притвор за осум лица и итно приведување на еден од нив поради криминализација на изборниот процес.

Барањето е во рамките на првата акција на Специјалното обвинителство, наречена „Титаник“. За осумтемината е побаран притвор поради изборна измами и нивно спречување во понатамошно делување.

XS
SM
MD
LG