Достапни линкови

Давутоглу ја обвини Русија за воени злосторства во Сирија


Турскиот премиер Ахмед Давутоглу

Турскиот премиер Ахмед Давутоглу ја обвини Русија, како и другите поддржувачи на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад за воени злосторства во Сирија. За време на донаторската конференција за Сирија што вчера се одржа во Лондон, тој оцени дека главна причина за хуманитарната криза се воените злосторства извршени од сирискиот режим и од милитантите на Исламската држава и нивните поддржувачи. Руското министерство за одбрана ги отфрли ваквите оценки и ја обвини Турција дека подготвувала воен упад во Сирија.

XS
SM
MD
LG