Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ го отфрли предлогот за медиумите од СДСМ


ВМРО - ДПМНЕ го отфрли предлогот на СДСМ за уредување на медиуми. Предлогот е фрапантно лош, еднакво лош како стариот предлог којго имаа пред два три месеци, соопшти Илија Димовски пред почетокот на состанокот на работните групи вечерва во Клубот на пратениците.

„Ние искрено не можеме да разбереме во какво опкружување работат, размислуваат и постапуваат овие луѓе. Ова е предлог кој го нема не само во ниту една европска држава, туку го нема никаде во светот. Ова е луд предлог кој значи понатамошна деструкција“, изјави Димовски.

Тој нагласи дека предлогот што го достави СДСМ за ВМРО-ДПМНЕ е комплетно неприфатлив од повеќе причини.

„Во многу делови предлогот е спротивен на Уставот и е спротивен на Европската конвенција за човекови права коигарантираат слобода на мислење, став и негово изразување. Со предлогот се предвидува зголемување на казните за медиумите“, рече Димовски.

Во него, вели Димовски, се предвидува комплетната раководна структура на Управниот одбор на Агенцијата на медиуми и МРТ да биде составена исклучиво од лица коишто работат во невладини организции финансирани од СОРОС.

XS
SM
MD
LG