Достапни линкови

logo-print

Ренд Пол се откажа од претседателската трка во САД


Републиканскиот сенатор од Кентаки, Ренд Пол.

Републиканскиот сенатор од Кентаки, Ренд Пол.

Републиканскиот сенатор од Кентаки, Ренд Пол, се повлече од внатрепартиската трка за републикански кандидат за американски претседател. На прелиминарните партиски избори во Ајова на 1 февруари, Пол заврши петти и остана во сенка на останатите кандидати. На внатрепартиските избори во Ајова победи сенаторот од Тексас Тед Круз со скоро 28 отсто од гласовите, пред милијардерот Доналд Трамп кој освои 24 проценти и сенаторот од Флорида Марко Рубио кој освои над 23 отсто. Хирургот Бен Карсон освои над 9 отсто, а Пол 4,5 проценти од републиканските гласови во Ајова. Поранешниот гувернер на Флорида Џеб Буш, брат на поранешниот претседател Џорџ Буш, заври на шестото место со 2,8 отсто од гласовите.

XS
SM
MD
LG