Достапни линкови

Николовски - Телевизиски газди добивале пари за чистење одводни канали


Дополнителниот заменик-министер за земјоделство Љупчо Николовски од СДСМ денеска објави дека на фирмата Трансмет на бизнисменот Сеад Кочан, кој е сопственик и на новоотворената ТВ Нова, во 2014 година ѝ биле исплатени 700 евра буџетски пари за чистење канали за одводнување и наводнување. Половина милион евра за истата намена ѝ биле исплатени на фирмата Силекс неметали, која е поврзана со ТВ Сител.

„Уште еднаш се потврдува дека медиумскиот мрак, пропагандата и медиумските хајки се платени со пари на граѓаните“, рече Николовски.

Тој вели дека сепак имало поплави кои направиле штета од над 5 милиони евра, но за тоа не можело да се види на провладините телевизии.

Министерството за земјоделство реагира дека Николовски го покажува неговото тотално непознавање на секторот. Според министерството, поплавите не настанаа поради неисчистените канали туку поради енормното покачување на нивото на реките кои вишокот на вода го вратија во каналите за одводнување.

XS
SM
MD
LG