Достапни линкови

Хан – Визна либерализација за Турција, ако ги прима мигрантите назад


ЕУ би можела за жителите на Турција да ги укине визите, а предуслов е договор за реадмисија, истакна европскиот комесар за проширување Јоханес Хан. Во интервју за австриската телевизија „ОРФ“, Хан уверува дека визна либерализација со Турција е апсолутно реална во рок од 12 месеци, нагласувајќи дека Анкара мора да го прифати договорот за реадмисија. Тоа би овозможило мигрантите, кои доаѓаат во Европа, да бидат вратени во Турција, објасни синоќа Хан, негирајќи дека ЕУ поради бегалската криза прави отстапки за Анкара. Хан, истовремено се залага за повторно обновување на пристапните преговори со Турција.

XS
SM
MD
LG