Достапни линкови

Обама за прв пат во посета на џамија


Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама за прв пат откако ја извршува функцијата во наредната недела ќе посети џамија во знак на одбрана на религиските слободи и во услови на зголемена анти-муслиманска реторика во САД. Белатака куќа соопшти дека Обама ќе посети џамија во Балтимор на 3 февруари каде ќе разговара со лидерите на заедницата. Според соопштението, целта на посетата на Обама е да им одаде почит на американските муслимани кои придонеле за нацијата и да ја реафирмира важноста на религиските слободи.

XS
SM
MD
LG