Достапни линкови

Десетици жртви во воздушни напади во Сирија


Најмалку 63 луѓе, меѓу кои девет деца биле убиени во воздушни напади за кои постои сомневање дека ги извршиле руски воени авиони во источниот дел на Сирија, велат сириските активисти.Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон соопшти дека авиони го бомбардирале селото Хашам кое е под контрола на организацијата Исламска држава. Засега не е можно независно да се потврдат тврдењата. Милитантите на ИД го контролираат поголемиот дел од провинцијата Деир ал- Зур, провинција богатата со нафта, каде се наоѓа и селото Хашам. Русија, сојузник на сирискиот претседател Башар ал-Асад, во септември започна воздушни напади во Сирија, насочени против минитантите на ИД и другите екстремистички групи.

XS
SM
MD
LG