Достапни линкови

logo-print

Владата не сака мебел во стилот на Луј XV


Владата и наложила на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) да ја поништи јавната набавка на мебел и опрема, соопшти владиниот Сектор за односи со јавноста и наведува дека Владата не била информирана и не ја побарала набавката.

„Владата не е информирана и не побарала мебел и опрема какви што се наведени во јавната набавка објавена од страна на Службата за општи и заеднички работи која е предмет на актуелен интерес во медиумите. Спецификацијата за јавната набавка е направена од Службата за општи и заеднички работи, без да се консултира Владата. Владата нема потреба од мебел каков што е наведен во спецификацијата и не се согласува со спецификацијата на јавната набавка. Владата и наложи на Службата за општи и заеднички работи да ја поништи јавната набавка“, стои во соопштението.

Претходно медиумите пишуваа дека Владата за нејзиниот објект ќе набавува мебел во стилот од времето на Луј XV, измешан со она што било модерно во 30-тите години, како и перници со мемори-пена, пердуви, фотелји во боја на „кралско“ вино, рачно ткаени килими, за што требало да се потрошат 52 илјади евра.

XS
SM
MD
LG