Достапни линкови

Границата отворена само за бегалците кои одат за Германија и Австрија


Јужниот граничен влез за бегалците кај кота 59 на македонско - грката граница е повторно отворен, и состојбата е редовна, ни изјавија од министертвото за внатрешни работи.

Причината за вчерашното затворање на вратите за бегалците, како што велат од МВР, е барањето на Словенија за редуцирање на бројката на бегалци поради проблеми со нивната железничката пруга. Од таму додаваат дека денеска се пропуштаат само бегалци кои доаѓаат од воените подрачја кои имаат валидни документи добиени во Грција и на кои мора да е наведена нивната дестинација, односно влез им се дозволува само на оние кои одат за Германија и Австрија.

Од МВР не кажуваатт на чие барање е донесена одлука со која се пропуштаат бегалци кои како крајна дестинација ги навеле Германија и Австрија.

Изминатите 24 часа не се издадени потврди на странски државјани за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, соопшти Министерството за внатрешни работи.

XS
SM
MD
LG