Достапни линкови

Хан доаѓа во февруари со план за кредибилни избори со опозиција


Еврокомесарот Јоханес Хан на средината на февруари повторно ќе дојде во Скопје со точен план во три точки како да ја натера опозицијата да учествува на изборите и како тие избори да бидат кредибилни. Не совршени но кредибилни, објави НоваТВ, повикувајќи се на висок извор од Европската комисија кој одблиску ги следи настаните во Македонија.

Така, под број еден, планот на Хан предвидува чиста изборна листа. За таа цел, капацитетите на Државната изборна комисија (ДИК) ќе бидат зајакнати во секој поглед како што побара и самиот претседател на ДИК. Барање со кое Груевски, според изворот на НОВА, се согласил за време на последната рудна преговори минатата недела.

Под број два планот предвидува непречен пристап до сите медиуми на опозициските партии. СДСМ ќе може да има свои набљудувачи во Агенцијата за аудио-визуелни медиуми.

Конечно, под број три, Хан ќе направи проверка на напредокот во подготовката на изборите заедно со земјите членки на ЕУ, ОДИХР, ДИК и македонските невладини организации кои се занимаваат со изборниот процес.

„Се разбира, на оваа проверка треба да учествува и опозицијата и комесарот и неговата екипа се надеваат дека СДСМ ќе им се придружи во проверката на подготовките“, вели изворот на НОВА во ЕК.

XS
SM
MD
LG