Достапни линкови

Индонезија трага по терористичка ќелија


Индонезиската полиција соопшти дека е во потрага по терористичката ќелија осомничена дека стои зад вооружениот и бомбашки напад вчера во Џакарта. Двајца цивили, Канаѓанец и Индонезиец, и петмина напаѓачи загинаа во вчерашниот напад. Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот, кој, според нив, бил против „жителите на крстоносната коалиција“. Полицијата денеска соопшти дека идентификувала четворица од напаѓачите, меѓу кои има и двајца претходно осудувани милитанти. Уште тројца луѓе се уапсени, но сè уште е нејасно дали се поврзани со нападот. Полицијата го сомничи Индонезиецот Бахрум Наим, за кого се верува дека се бори на страната на Исламската држава во Сирија, дека е координатор на нападот. Во меѓувреме, властите во земјата се во состојба на готовност, при што е засилена безбедноста на владините објекти, полициски станици, амбасади и трговски центри.

XS
SM
MD
LG