Достапни линкови

Времето денеска: претежно облачно


Во Македонија ќе биде претежно облачно, само во јужните делови од земјата и долж Повардарјето променливо облачно. Врнежи од дожд ќе има претежно во попладневните часови на пониските места, на повисоките места истовремено ќе има врнежи од дожд и снег, а само на високите планини врнежите ќе бидат од снег. Утринската температура ќе се движи од минус два до три, а дневната од четири до 10 степени. Во Скопје времето ќе биде претежно облачно, попладне со повремен дожд и со слаб повремено умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до четири степени.

XS
SM
MD
LG