Достапни линкови

Светот ја дочека 2016-та со засилени безбедносни мерки


Виена

Виена

Стравот од терористички напади и засилени безбедносни мерки го одбележаа делумно дочекот на новата 2016 година во неколку европски градови. Во Минхен на само час и половина пред полноќ полицијата евакуираше две железнички станици и објави дека постои сериозна и непосредна закана од терористички напад. Германските власти соопштија дека добиле информација од странска разузнавачка служба дека припадници на ИС планираат напади во градот со пет до седум бомбаши самоубијци. Полицијата соопшти дека истрагата е во тек и дека 550 полицајци трагаат по осомничените.

Спектакуларни огномети беа откажани во Брисел и Париз каде се уште е живо сеќавањето на терористичките напади од ноември. И покрај тоа, јавниот дочек организиран беше на париските булевари.

И покрај предупредувањата за можни терористички напади, Виена по 26 пат организираше Новогодишна патека, со која центарот на австрискиот главен град беше во знак на најголема забава за дочек на Новата година. Поради закани за терористички напади, околу 1.500 полицајци беа на задача за новогодишната ноќ меѓу кои и специјалци.

Американските власти на новогодишната ноќ во Њујорк уапсија маж кој планирал да изврши терористички напад во бар за, како што вели полицијата, да докаже дека бил достоен припадник на ИС.

Австралија и Нов Зеланд, беа меѓу првите кои ја пречека Новата Година.

Луѓето ги одбројуваа последните минути од старата година на Скај кулата Окленд во Нов Зеланд, со ласерско шоу и огномет. Точно на полноќ небото во Сиднеј го осветли традиционален огномет од пристаништето. Таму повеќе од милион луѓе присуствуваа на прославата, а ширум Австралија локалните власти дополнително побараа обезбедување од илјадници полицајци за патролирање низ градовите.

Претходно во Јапонија, луѓето фрлаа балони од токиската кула, додека Јужна Кореја го прослави во Паџу, со огномет и традиционалните церемонии со ѕвоно.

Шангај поради безбедност го затвори познатото шеталиште Бунд каде лани за време на новогодишната прослава во стампедо загинаа 36 луѓе.

Во Бангкок десетици илјади луѓе ја дочекаа Новата година во центарот на градот додека тајландските власти распоредија околу 5 илјади полицајци.

Во Дубаи, пожар изби во хотел само неколку часа во пресрет на новогодишната прослава, при што беа повредени 15 луѓе, но властите инсистираат прославата да продолжи.

Но, не сите синоќа го прославија почетокот на 2016 година. Многу луѓе времето и Новата година ги бележат според свои календари кои имаат корени во нивната етничка и религиозна историја. Таков е случајот со Евреите, Кинезите, Индусите и Муслиманите, како и со повеќе други помали етнички и религиозни заедници.

Така во 2016та Евреите ја слават 5777, Кинезите 4714, Индусите 2073, а Муслиманите 1438 Нова година.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG