Достапни линкови

Жестока престрелка во дипломатскиот кварт во Кабул


Најмалку шест лица, меѓу кои четворица авганистански и двајца шпански полицајци, се убиени во повеќечасовна престрелка меѓу авганистанските сили и милитантите во близина на амбасадата на Шпанија во Кабул, информираа денеска локалните власти.

Авганистанските сили спречиле самоубиствен напад на гостинска куќа за странци, во близина на шпанската амбасада, при што во престрелката и експлозии се убиени четворица талибански борци. Милитантите нападот во дипломатскиот кварт на Кабул го започнаа синоќа, неколку часа откако претседателот на Авганистан Ашраф Гани изрази оптимизам дека мировните преговори со талибанците ќе бидат повторно отворени во следните неколку дена.

XS
SM
MD
LG