Достапни линкови

САД никогаш нема да ја признаат руската анексија на Крим


Американскиот потпретседател Џо Бајден, за време на посетата на Киев, имаше обраќање пред пратениците во украинскиот парламент. Тој и изрази цврста поддршка на Украина, но предупреди и на корупцијата во земјата.

Американскиот потпретседател Џо Бајден, во говорот во украинскиот парламент порача дека Русија ја окупирала суверената украинска територија на Крим и со анексијата на полуостровот, Москва го прекршила меѓународниот закон.

„Да бидам кристално јасен. Соединетите Држави нема никогаш да го признаат рускиот обид да го анектираат Крим“, рече Бајден.

„Ние никогаш нема да се согласиме со тоа некоја земја да има сфери на влијание. Суверени држави имаат право да носат сопствени одлуки и да избираат сојузници“.

Но, Бајден, освен поддршката за Украина, ги потсети пратениците во Киев и дека од нив украинскиот народ сега има големи очекувања.

„Но, да додадам. Предвас е битка. Историска битка против корупцијата. Украина не смее да дозволи народот повторно да ја загуби надежта“.

Ако успеете во таа битка, додаде Бајден, ќе бидете основачи на вистински слободна, демократска и обединета Украина.

Бајден вчера и вети и финансиска помош од 190 милиони долари на Украина за битка против корупцијата.

  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG