Достапни линкови

Усвоен нацрт-текст за климатските промени


Делегатите од речиси 200 држави го одобрија нацрт текстот на договорот на Обединетите нации за климатските промени по четири години работа на него. Напредокот е постигнат денеска на состанокот за климатските промени во близината на Париз. Високите владини претставници го потпишаа нацрт текстот на 42 страници непосредно пред крајниот рок петти декември и по целовечерна работа. Во текстот се наведуваат опции од долгорочни за забавување на климатските промени до зголемување на финансиите за нациите во развој. Многу земји сметаат дека нацртот кој е резултат на години работа откако почна процесот во Дурбан во 2001 година, остава многу нерешени прашања. Шефот на кинеската делегација во разговорите за климатските промени рече дека каков било договор усвоен во преговорите треба да биде правно обврзувачки во целина а не само делови од него.

XS
SM
MD
LG