Достапни линкови

Косовскиот премиер ја повика опозицијата на дијалог


Косовскиот премиер Иса Мустафа

Косовскиот премиер Иса Мустафа

Косовскиот премиер Иса Мустафа денеска повторно ја повика опозицијата на дијалог за да се изнајде решение за кризата во земјата. Според него, решението треба да се најде во согласност со законот, Уставот и правилникот за работа на косовскиот Парламент. Тој смета дека најдобро е тоа да се направи со Собранието на Косово каде сите пратеници како претставници на народот можат да ги изнесат своите забелешки, сугестии и предлози.

Американскиот државен секретар Џон Кери во текот на вчерашната кратка посета на Приштина порача дека „на солзавецот не му е местото во Парламентот“, и дека формирањето на Специјален суд за воените злосторства на ОВК ќе ја стабилизира ситуацијата во Косово.

XS
SM
MD
LG