Достапни линкови

Анкара: Руските санкции само ќе ги продлабочат проблемите


Санкциите што Русија вчера ги воведе кон Турција, само дополнително ќе ги продлабочат проблемите што постојат меѓу двете земји, оцени турската Влада во првата реакција на одлуката на Москва за воведување „специјални економски мерки“ против Анкара.

„Ваквите санкции ќе им наштетат на нашите односи. Таквите постапки не го олеснуваат проблемот, туку напротив го отежнуваат“, изјави неименуван висок претставник на турската Влада.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера потпиша указ за воведување „специјални економски мерки“ против Турција, со кои, како што јави ТАСС, се предвидуваат серија санкции кон Анкара. Со „специјалните економски мерки“, се воведува времена забрана за увоз не повеќе стоки од Турција во Русија и се забрануваат или ограничуваат активности на турски фирми и организации на руска територија. Со мерките се превидува и укинување на безвизниот режим меѓу Русија и Турција од 1 јануари 2016 година, а од истиот датум на руските компании им се забранува да ангажираат турски работници. На руските туроператори им се препорачува да се воздржат од нудење туристички аранжамани на руските граѓани во турските одморалишта, а се укинуваат и сите чартер летови меѓу Русија и Турција.

Воведувањто на овие мерки уследи по соборувањето на рускиот авион од страна на турското Воено воздухопловство во вторникот, што доведе до драстично влошување на односите меѓу Москва и Анкара.

XS
SM
MD
LG