Достапни линкови

Сириската армија напредува против Исламската држава


Сириската армија, според информациите, напредува против милитантите на Исламската држава. Сириската државна телевизија денеска објави дека армијата ја презела контролата врз територијата источно од Алепо, вклучително и неколку километри од автопатот што го поврзува Алепо со де факто главниот град на исламистите, Рака. Исто така армијата, со поддршка од руските воздушни напади, ја вратила контролата врз областите источно од воздухопловната база Квеирес.

XS
SM
MD
LG