Достапни линкови

Македонија подига заштитна ограда на јужната граница


Подигањето на заштитна ограда на границата со Грција е една од мерките за да се обезбеди канализирање на протокот на беглаци, велат од Владата. Вчера институциите што се вклучени во менаџирање и следење на состојбата со беглаците донеле одлука да се операционализираат заклучоците од Националниот совет за безбедност и на јужната граница со Грција да се преземат сите техничко-тактички мерки за насочување на протокот на бегалците кон контролните пунктови заради регистрација и хуман третман, потврдуваат од Владата.

Од Владата потенцираат дека границата ќе остане отворена.

„Сакаме да потенцираме дека границата ќе остане отворена, ќе се пропуштаат сите бегалци кои се од регионите зафатени со воени конфликти, како и досега што се пропуштаат. Ќе продолжиме да се координираме со другите земји и понатаму, велат од Владата.

На почетокот заштитната ограда ќе биде подигната на одредени потези на јужната државна граница. АРМ веќе почна со изградба на оградата чија единствена цел е насочување.

„Македонија со ова им помага на мигрантите, но и на Европа и во подобро организирање и канализирање на мигрантите преку различни форми на стеснувања и организација на рутата со дополнително зголемување на безбедноста на земјите, но и на мигрантите, хуман третман, а со цел да се минимизираат и сите безбедносни ризици“, истакнуваат од Владата.

Во управувачкиот комитет членуваат министерот за здравство Никола Тодоров, кој е и претседател, министрите за одбрана, за внатрешни работи и за транспорт и врски, Зоран Јолевски, Оливер Спасовски и Владо Мисајловски, заменик министерот за внатрешни Митко Чавков, како и претставници од Владата, кабинетот на премиерот, АРМ и други институции.

XS
SM
MD
LG