Достапни линкови

Јанева ги побара „Пуч“, „Израeлска опрема“, „Изборни измами“...


Специјалното јавно обвинителство од обвинителствата во земјава ги побара првите пет предмети поврзани или кои произлегуваат од нелегално прислушуваните разговори.

Првиот предмет е оформен од Oсновното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по поднесена кривична пријава од СДСМ против поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, неговата поранешна соработничка, а сега судијка во Вишиот управен суд Светлана Костова и против Израелецот Хаим Хакијни во врска со наводна провизија при набавка на израелска опрема за специјалната полиција.

Вториот предмет оформен од Основното јавно обвинителство Скопје по поднесена кривична пријава од СДСМ против премиерот Никола Груевски, поранешните министри за внатрешни работи и за транспорт и врски, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, како и против непознати лица вработени во МВР за фалсификување исправи и повреда на избирачкото право.

Третиот предмет е побаран од Основното јавно обвинителство Битола, а е против битолскиот градоначалник Владимир Талески и лицето С.Б. за кривично дело – Злоупотреба на службената положба.

Четвртиот предмет е побаран од Основното јавно обвинителство Куманово, а е оформен по кривична пријава од физичко лице против непознато одговорно лице за комуникации во мобилен оператор и против правно лице за кривично дело – Неовластено прислушување и тонско снимање.

Јанева го побара и предметот „Пуч“ од Oсновното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Специјалното јавно обвинителство денеска соопшти дека од јавните обвинителства во земјава ќе бара нови предмети на 15 дена.

XS
SM
MD
LG