Достапни линкови

Сирија ја осуди „турската агресија“


Локацијата каде беше соборен рускиот авион.

Локацијата каде беше соборен рускиот авион.

Сирија соопшти денеска дека соборувањето на рускиот авион на нивна територија е флагрантна агресија против суверенитетот на земјата и претставува поддршка за терористите. Националната новинска агенција САНА цитираше извор од војската, според кој, инцидентот без сомнеж покажува оти турската власт е на страната на тероризмот и дека ја дава поддршката на терористичките групи. Според изворот, таквите очајни акти на агресија само ќе ја зајакнат нивната решителност да продолжат со борбата против терористичките организации со поддршка од нивните пријатели, меѓу кои е и Русија.

XS
SM
MD
LG