Достапни линкови

Русија повика да не се патува во Турција


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска им препорача на државјаните на земјата да не патуваат во Турција од било која причина, откако турската војска собори руски борбен авион. Говорејќи во Сочи, тој нагласи дека ја откажува утрешната посета на Турција. Според него, заканата од тероризам во Турција не е помала од онаа во Египет, каде руски патнички авион минатиот месец беше соборен во бомбашки напад.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави Турција и забила нож во грб на Русија и предупреди дека тоа ќе има сериозни последици врз билатералните односи меѓу двете земји. Турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави дека неговата земја има право да ги преземе сите мерки против нарушувањето на границите.

XS
SM
MD
LG