Достапни линкови

БиХ:Во тунел експлозија на пиротехничко сретство


Синоќа во тунел во Салковец била фрлена експлозивна направа пред возилото на началникот на Генералштабот на вооружените сили Анто Јелец.
"Јас не бев повреден, ниту пак моето возило е оштетен .Јас само поминав низ чадот. Случајот е пријавен во полиција и се води истрага ", рече Јелец.
Тунелот е затворен а поширокото подрачје е блокирано.
Портпаролката на Министерството за одбрана на БиХ, Ума Синановиќ изјави дека оваа институција ги разгледала наводите во врска со инцидентот во тунелот , но официјални информации за јавноста, за сега немаат.

XS
SM
MD
LG