Достапни линкови

Убиен организаторот на нападите во Париз


Абделхамид Абауд

Абделхамид Абауд

Француското обвинителство соопшти денеска дека Абделхамид Абауд, кој беше осомничен дека ги организирал терористичките напади во Париз бил убиен за време на полициската акција во предградието Сен Дени. Француската полиција првично мислеше дека 28 годишниот белгиски милитант се наоѓа во Сирија, но истрагата ги донесе во куќа во Сен Дени. Во полициската акција беа уапсени осум лица. Во нападите во Париз на 13 октомври загинаа 129 луѓе.

XS
SM
MD
LG