Достапни линкови

logo-print

Египет и Русија за поголема безбедност на авиосообраќајот


Кремљ соопшти дека рускиот и египетскиот претседател, Владимир Путин и Абдел Фатах ал Сиси се согласиле на мерки со кои ќе се подобри безбедноста на авиосообраќајот како чекор напред кон продолжување на авионските линии меѓу двете земји. Двајцата лидери телефонски ја договориле поблиската соработка со цел да ги најдат одговорните за урнувањето на рускиот авион во Египет на 31 октомври. Русија ги суспендираше сите летови кон Египет по несреќата во која загинаа сите 224 патници и членови на екипажот.

XS
SM
MD
LG