Достапни линкови

logo-print

Во ЕУ годинава нерегуларно влегле милион и 200 илјади луѓе


Во Европската унија во десетте месеци од годинава нерегуларно влегле околу милион и двесте илјади луѓе. Тоа е за четири пати повеќе од целата претходна година, соопшти Фронтекс. Сепак, вистинската бројка на нерегуларни мигранти е помала, бидејќи многу луѓе биле и по два пати заведени имајќи предвид дека најпрвин биле регистрирани во Грција, а потоа повторно биле заведувани во Унгарија или Хрватска откако влегле таму од Србија, која не е членка на Европската унија. Во октомври од Турција во Грција влегле 150 илјади луѓе или 540 илјади од почетокот на годинава. Бројот на луѓето кои со бродови од Либија пристигнуваат во Италија во октомври бил само околу 8 ипол илјади или двојно помалку од почетокот на годинава.

XS
SM
MD
LG