Достапни линкови

Успехот на самитот за климата зависи од светските лидери


Бан Ки Мун

Бан Ки Мун

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун изјави дека клучните прашања која останаа нерешени пред самитот за климатските промени во Париз биле преголем предизвик за преговарачите. Затоа тој побара од светските лидери да покажат поголема одговорност со цел да успее самитот што на 30 овој месец почнува во Париз. Тој додаде дека до крајот на минатиот месец своите национални планови за климатските промени ги поднесоа 155 земји, но оти останале нерешени прашањата за финансиската помош на земјите во развој за да го намалат испуштањето штетни гасови во атмосферата.

XS
SM
MD
LG