Достапни линкови

Лидерите на Кина и Тајван на прва средба по 1949 година


Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе се сретне со неговиот тајвански колега Ма Јинг Џеу на седми септември во Сингапур, што ќе биде прв состанок на вакво ниво од граѓанската војна во Кина во 1949 година. Историските разговори доаѓаат во чувствителен момент за Тајван, односно пред тамошните избори во чија кампања преовладува антикинеска пропаганда. Пекинг смета дека Тајван е кинеска провинција.

XS
SM
MD
LG