Достапни линкови

Загинаа дваесетина мигранти во Егејското море


Најмалку 22 мигранти, меѓу кои 13 деца, се удавија синоќа во Егејското Море покрај грчките острови Калимнос и Родос. Изутринава покрај островот Калимнос се пронајдени телата на 19 мигранти, меѓу кои шест жени, осум деца и две бебиња. Мигрантите загинале во два одделни инцидента на бродовите кои отпловиле од турскиот брег. Грчката крајбрежна стража успеала да спаси 144 бегалци. Спасувачките екипи продолжуваат да трагаат по евентуално исчезнати лица околу двата грчки осторови кадешто се случи трагедијата, а денеска на пристаништето Пиреја од островот Лезбос пристигнаа нови 6000 бегалци.

XS
SM
MD
LG