Достапни линкови

Путин формира државна училишна организација


Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет за формирање државна ученичка организација по примерот на Пионерското движење во поранешниот Советски сојуз. Руското ученичко движење, како што се наведува во декретот, „ќе помогне во градење карактери базирани врз вредностите на руското општество“. Путин, кој порано беше агент на КГБ, обнови голем број советски симболи за време на неговото 15 годишно владеење. Во Пионерското движење кое беше формирано во 1922 година, а распуштено во 1991 членуваа деца од 9 до 14 години.

XS
SM
MD
LG