Достапни линкови

logo-print

Коѕиас најави нов бран бегалци кон Грција


Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас изјави денеска дека постојат индикации оти 300.000 луѓе од камповите од Јордан и Либан тргнале кон Грција. Според него, ЕУ треба да додели средства за подобрување на условите во камповите во тие земји со цел да се спречи нов бран бегалци кон Европа. Тој по разговорите со кипарскиот колега Јоанис Касулидис посочи и дека справувањето со мигрантскиот бран е невозможно заради огромниот размер.

XS
SM
MD
LG