Достапни линкови

Коцијанчич-Партиите да ги исполнат обврските


Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич изјави денеска дека е важно македонските политички партии потписници на договорот од Пржино итно да продолжат со работа со цел да се надомести загубеното време. Според неа, еврокомесарот за проширување Јоханес Хан јасно ставил до знаење дека е разочаран од неуспехот на преговорите и ги повикал потписниците на договорот да покажат лидерство и одговорност.

Таа порачува дека е важно да се исполнат обврските од договорот од Пржино. Коцијанчич нагласува и дека ЕУ жали што има обиди да се одвлекува вниманието од суштината на прашањата со напаѓање на оние кои се обидуваат да помогнат.

XS
SM
MD
LG