Достапни линкови

САД и Русија со спогодба за воздушните напади во Сирија


Соединетите држави и Русија потпишаа спогодба за воздушните напади во Сирија со цел да се избегнат инциденти при нивното извршување. Портпаролот на Пентагон Питер Кук изјави дека иако руската влада инсистирала текстот на спогодбата да остане тајна, договорот ги регулира протоколите, ги одредува фреквенциите кои двете страни треба да ги користат за комуникација и предвидува формирање работна група која ќе разговара за натамошни прашања. Кук прецизира дека договорот не предвидува размена на информации за целите на воздушните напади. Заменик министерот за одбрана на Русија Анатолиј Антонов изјави дека потпишувањето на договорот претставува позитивен чекор со големо практично значење. Русија кон крајот на септември почна воздушна операција во Сирија во соработка со владата на претседателот Башар ал Асад.

XS
SM
MD
LG