Достапни линкови

logo-print

Турскиот суд покрена обвинение против Фетула Ѓулен


Реџеп Таип Ердоган и Фетула Ѓулен

Реџеп Таип Ердоган и Фетула Ѓулен

Турскиот суд покрена обвинение со кое се бара одговорност од Фетула Ѓулен за обид за соборување на Владата. Ѓулен е прв осомничен меѓу 69 луѓе за формирање на терористичка група и политичка шпионажа. По истрагата за корупција во 2013 година насочена против соработниците на Реџеп Таип Ердоган, турскиот претседател го обвинува својот поранешен сојузник за обид за преземање на власта преку паралелна структура во судскиот систем, во полицијата, во медиумите и во државните институции. Ѓулен ги отфрла таквите обвинувања. Првите судски процеси закажани се во јануари идната година. Ѓулен од 1999 година живее во САД.

XS
SM
MD
LG