Достапни линкови

logo-print

На протестите на Косово 15 ранети полицајци


Косовската полиција соопшти дека 15 полицајци и еден цивил биле ранети за време на синоќешниот протест на опозициското движење „Самоопределување“, организиарн после приведувањето на пратеникот Албин Курти, пренесоа американските медиуми. Портпаролот на полицијата Баки Келани информира дека Курти бил однесен во полициската станица на распит во врска со неговото минатонеделно непримерено однесување кога фрли солзавец во Парламентот и со тоа го предизвика итното евакуирање на пратениците. Неговата постапка беше израз на протест против спогодбата постигната со Србија под агендата на ЕУ, што на етничкото српско малцинство во Косово му дава поголеми надлежности во локалната власт. Келани изјави дека Курти бил ослободен по полноќ, а деветмина учесници во протестот биле уапсени.

XS
SM
MD
LG