Достапни линкови

Иран тестираше ракета со долг дострел


Иран објави дека денескa успешно била тестирана нова ракета од домашно производство со долг дострел.Министерот за одбрана на Иран Хосеин Дехган изјави дека ракетата може да се контролира од моментот на удaрот и да ја погоди целта со голема прецизност.Телевизијата објави снимка од лансирањето на големата ракета, но не наведе детали за нејзиниот максимален опсег или други способности. Советот за безбедност на ОН, по потпишувањето на нуклеарниот договор со Иран, го повика Техеран да не презема никакви активности поврзани со балистички ракети способни за доставување на нуклеарно оружје.

XS
SM
MD
LG