Достапни линкови

logo-print

Израелски авиони гаѓале цели на Хамас


Израелски авиони гаѓале капацитети за производство на оружје на Хамас во појасот Газа,соопшти Армијата. Денешниот напад бил одговор на двете ракети истрелани од Газа кон јужниот дел на Израел. Медицински извори соопштија дека една палестинка и нејзината ќерка загинале во нападот. Вчера израелската полиција уби две палестински момчиња во судирите во близина на границата со Газа. Претходно, двајца палестинци извршија напади со нож во Ерусалим пред да бидат убиени. Американскиот државен секретар Џон Кери изрази "длабока загриженост" во врска со ситуацијата. Во одделни телефонски повици до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и претседателот на палестинските власти Махмуд Абас, Кери ја понудил својата поддршка во "напорите да се врати мирот што е можно поскоро", соопштија од Стејт Департментот.

XS
SM
MD
LG